Гир: Спорот помеѓу Скопје и Софија е билатерално прашање
Македонија и Бугарија сами да ги усогласат деталите од договорот, процесот е стриктно билатерален. Евроамбасадор Гир ги потсети Скопје и Софија, дека ЕУ очекува брзо решение на спорот.
Во меѓувреме, вели Гир, исклучително е важно да работите на домашните реформи.
„Не можам да коментирам детали за преговорите, тоа се работи кои ги засегаат двете страни...Ги охрабруваме да дојдат до взаемно прифатливо решение и ги поздравувам напорите...”
Брисел, Софија, или пак македонскиот парламент. Некој треба да ни даде цврсти гаранции за македонскиот јазик и идентитет, вели опозицискиот лидер, во спротивно не сакаме да чуеме за никаков договор, предупреди Мицкоски.
Одговор доби од премерот. Ковачевски уверува дека преговорите со Софија не излегуваат од заеднички изгласаната резолуција од македонското Собрание
За моменталната фаза од преговорите денеска брифираше и министерот Османи. Вели дека на маса се уште е португалскиот предлог за преговарачката рамка, но сега постои опасност договореното со Бугарија да не биде одобрено од некои земји членки, кои се осетливи на внес на билатерални прашања во текстот.
Се бара сеопфатен договор кој ќе ги затвори сите прашања, вели Османи, договор кој ќе го гарантира меѓународната заедница и кој ќе биде дел од протоколите на Договорот за добрососедство.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
