Гинтсбург: Ако некој се зарази по примената доза на Спутник Лајт, нема да развие тежок облик на болеста
Новата верзија на руската вакцина Спутник V ќе се појави во февруари, објавија од компанијата на Твитер.
Оваа соопштение следуваше откако американската компанија Џонсон и Џонсон објави дека ефикасноста на нивната вакцина која се дава во една доза варира од 69 до 85 отсто.
„Резултатите се покажаа добро. Вакцината Џонсон и Џонсон е во суштина само првата доза од Спутник V. Ние исто така ќе инсистираме на еднократно вакцинирање во февруари. Ја нарековме Спутник Лајт“, напишаа творците на руската вакцина
Шефот на рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитријев изјави дека новата верзија на вакцината ќе биде наменета во главно за странскиот пазар, односно поради полесната примена ќе биде ориентирана кон местата на кои постојат жаришта од коронавирусот.
„Спутник Лајт може да послужи како ефикасно привремено решение за многу земји кои го доживуваат врвот на епидемијата“, изјави Дмитријев.
Поедноставната верзија на Спутник V на 11 јануари доби дозвола за клинички испитувања од руското Министерство за здравство.
Испитувањето се спроведуваше на 150 доброволци, во три здравствени институции.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека постои полесна верзија на руската вакцина против Ковид-19. Тој рече дека оваа нова вакцина ќе има пократок ефект, но дека овозможува вакцинација на поголем број луѓе.
„Ако личноста се зарази по примената доза на Спутник Лајт, нема да развие тежок облик на болеста. Вирусот нема да се спушти на белите дробови, туку ќе биде само помала настинка“, рече Александар Гинтсбург, шеф на „Гамалеја“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД