Гинекологот од Скопје кој лажеше пациентка дека е бремена доби година ипол затвор
Гинекологот Николче Дамчевски кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена од Основниот суд Скопје 1 денеска е осуден на година ипол ефективна казна, затвор, а изречена му е и забрана за вршење дејност во траење од осум години.
Адвокатката на оштетената, Ирена Фрчкоска, за Либертас изјави дека не се задоволни од изречената казна.
-Не сме задоволни од изречената казна. Особено имајќи ја предвид специфичноста на кривичниот настан и начинот на кој се сторени кривичните дела од страна на обвинетиот. Во понатамошната постапка ќе ги искористиме сите правни инструменти во насока на задоволување на правичноста и во насока на превенција вакви и слични кривични дела да се повторат, изјави таа.
Според обвинението тој, иако знаел дека оштетената не е бремена, вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното