Ги Верховштад ги отфрла „заканите и уцените“ на Тереза Меј околу договорот за безбедност
Членот на преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, Ги Верховштад ги отфрли како груби и штетни „заканите и уцените“ на британскиот премиер Тереза Меј, за тоа дека Британија ќе се повлече од соработката во секторот на безбедноста, по целосното повлекување на земјата од Унијата.
Ваквата порака е содржана во писмото на Меј до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со која и формално, се известува ЕУ за британската одлука за напуштање на Унијата.
- Писмото на Меј е генерално, конструктивно, но Британија не може да ја злоупотребува безбедноста на луѓето за да обезбеди за себе поволен трговски договор, изјави Верховштад во интервју за телевизија Скај.
Овој поранешен белгиски премиер, сега предводник на групата либерали во Европскиот Парламент, истакна дека нема да му се дозволи на Лондон да се пазари околу ова прашање.
Верховштад смета дека британската влада е „наивна“ ако мисли дека договор за заминување и за цената на „разводот“ што Британија треба да и ја плати на ЕУ, како и договор за трговија меѓу Унијата и Британија, може да се направи во рок од 16 месеци.
Тој се согласува со изјавата на германскиот канцелар Ангела Меркел, но и со позицијата на сите земји-членки, дека не може да се водат паралелни преговори за раздружувањето и за идните (трговски) односи со Британија, по нејзиното целосно повлекување.
- Прво ќе мораме да се договориме за статусот на европските државјани во Британија и на Британците во земјите на ЕУ. Тоа е примарна задача и таа мора да ја завршиме до крајот на оваа година. После тоа ќе преговараме за „цената на разводот“ а кога тие работи ќе се уредат и за идните односи, потенцираше Ги Верховштад за британската телевизија Скај, инсистирајќи дека е „голема грешка“ да се почнат преговорите со уценување и со закани.
Ново на Сител
-
Вработени на Клинички револтирани по најавите за поскап паркинг - Синдикатот бара итна средба со Алиу
-
Над 60 лица вработени во Флораком и Луна си ја бараат јунската плата - Денеска излегоа на протест
-
Последна опомена од Дурмиши до трговците
-
Српската Алта Банка на чекор до проширување во Македонија
-
Бранителите на Карпалак ја дадоа најголемата жртва за Македонија, ниту смееме, ниту можеме да ги заборавиме
-
Одобрен планот на Нетанјаху за контрола врз Газа - Странските лидери повикуваат да ја преиспита одлуката
-
Во Прилеп синоќа започна одбележувањето на годишнината од Карпалак
-
Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки