Бизарно но вистинито
29. September 2015 - 15:47

Ги убил баба му и дедо му, на неговата мајка и ја отсекол главата по што сексуално се иживувал

Стравичниот сериски убиец од Калифорнија беше актуелен во 70-тите. Тој ги има убиено родителите на неговиот татко а убивал и студентки кои стопирале превоз.

Едмонд Кемпер (66) прв пат извршил убиство кога имал 15 години. Жртвите биле неговата баба и дедо, а ги убил само за да види какво е чуството.

Поради тоа шест години поминал во затворска болница од најстрог тип, но тоа ни малку не му помогнало.

Штом бил пушен на слобода го започнал својот убиствен поход. Во историјата е запамтен како еден од најкрволичните убијци на западната обала во Америка. Бил висок преку два метри и натпросечно интелигентен.

Неговите жртви најчесто биле млади девојки и жени како и студентки кои стопирале превоз. Во периодот од 1972 до 1973 годна тој убил дури шест жени. Ги одвезувал до оддалечени области и места, ги убивал, им ги отсекувал главите, а потоа ги силувал нивните мртви тела. Главите ги носел дома како би можел подоцна сексуално да се иживува над нив.

Но како што пишува Psychology Today, Кемпер цели време на ум имал една жртва на која сакал да и се освети - својата мајка која била алкохоличар. Кемпер најчесто убивал по расправии со неговата мајка со којашто живеел заедно по излегувањето од затвор. 

Уште како дете сакал да мачи мачки а ја злоставувал и својата сестра, на неговата мајка и замерувал што го казнувала заклучувајќи го во подрум, а подоцна го испратила да живее со неговата баба и дедо, неговите први жртви, родителите на неговиот татко кој ги напуштил.

На Велики петок 1973 Кепмер ја исполнил својата фантазија и ја убил неговата мајка со чекан, а нејзината пријателка ја задавил.

Откако сексуално се иживувал на отсечената глава на неговата мајка повикал полиција и признал се што направил.

Уапсен е во Колорадо по што добил 24 години затвор. Осуден е за осум тешки убиства, но казната не му паднала тешко. Кемпер сонувал да биде мачен и да го убијат во плинска комора на електрична столица. Сепак оваа желба не му е остварена бидејќи во тоа време во Калифорнија немало смртни казни. 

Новинар на Front Page Detective 1974 година разговарал со Кемпер додека ја чекал преудата. Рекол дека му годи што го нанрекуваат сериски убиец а во мислите мечтае за да изврши нови злочини.

- Не ми постави прашања кои ги очекував од новинар - рекол на новинарот кој пак го запрашал што под тоа мисли.

- Како е да имаш секс со мртво тело? Какво е чуството да седисш на кревет во дневна соба и да гледаш отсечени глави на две девојки на насловна страна? Првиот пат ти е мака - си одговорил Кемпер и сам си поставил уште едно прашање "Што помислуваш кога ќе видиш згодна девојка на улица"?

- Една страна мене ми вели дека тоа е убава девојка, сакам да поразговарам со нејзе, да ја однесам на вечера итн. Мојата друга страна се запрашува како ли би изледала нејзината глава набодена на колец - рекол Кемпер кој во затворот во Калифорнија служи осум доживотни казни.