Живот
15. December 2016 - 14:39

Ги прогонува мрачно минато: Овој рајски остров е проклет

Малиот остров Гаиола, веднаш покрај Неапол, поради своето мрачно минато денеска е целосно напуштено.

Идиличниот остров своевремено беше многу популарно, до таа мерка што старите Римјани тука изградија и храм на божицата Венера.

Островот подоцна станал познат по името Еуплеа, а според легендата, римскиот поет Вергилиј тука ги подучувал своите студенти. Гаиола е толку близу до брегот што може да се плива до него, меѓутоа луѓето ретко го посетуваат поради неговото црно минато.

Во 19 век испосник наречен „Волшебник“ таму живеел благодарение на добрината на рибарите кои му носеле храна. Меѓутоа кога Волшебникот таинствено исчезнал од островот, населението сметало дека Гаиола некако е виновна за неговото исчезнување.

Потоа изградена е вила на островот и тука почнува црната низа. Швајцарецот Ханд Браун во текот на 1920 година стана сопственик на островот. Тој подоцна е пронајден мртов, а неговото тело било завиткано во тепих. Набрзо потоа и жената му се удавила.

Foto: Youtube/Printscreen

Следниот сопственик, Германецот Ото Грунбак, почина од срцев удар додека престојувал во вилата, а еден од наредните сопственици на островот Морис Ив Сандоз извршил самоубиство во текот на лекувањето во швајцарската психијатриска болница.

Островот исто така му е продаден и на челникот на „Фиат“ Џани Агњелиј чии неколку роднини потоа починале. Мултимилијардерот Пол Гети го купил Островот кратко откако му го киднапирале внукот, а во текот на целата голгота на малото момче дури и му го отсекле увото.

Последниот газда Џанпасквале Грапоне, инаку сопственик на осигурително друштво завршил во затвор поради долгови.

На островот сега не живее никој, па е напуштено, а вилата полека пропаѓа.

Островот денеска е во сопственост на регионот Кампанија кое го заштити подрачјето и тука основаше подводен парк.