Гевгелиските пожарникари минатата година имале 150 интервенции
Територијалната противпожарна единица од Гевгелија минатата година во регионот на дејствување на териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран имала 150 интервенции за гаснење пожари, се вели во годишниот извештај за работа на гевгелиските пожарникари.
Најголемиот број од нив, поточно 104 интервенции биле за локализирање и гаснење пожари, додека останатите 46 биле технички интервенции особено преземани по повик од случени сообраќајни незгоди.
Во извештајот на ТППЕ Гевгелија се потенцира дека пожарите биле регистрирани на отворен простор и оти најголем број од нив, дури 78 се случиле во општина Гевгелија. По причинети материјални штети предничи општина Дојран каде што од 22 пожари била предизвикана штета од 8,7 милиони денари.
Вкупната материјална штета што ја предизвикале пожарите на териториите на трите општини од југоистокот на земјата изнесува 15,4 милиони денари.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина