Гевгелија со пари од ИПА ќе уредува излетничкото место „Динќут“
Општина Гевгелија доби околу 170.000 евра за уредување на излетничкото место „Динќут“ во рамки на проект од ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија, кој ќе се реализира заедно со општина Банско, потврдија денеска од службата за односи со јавноста.
Проектот предвидува повеќе зафати и содржини за уредување на излетничкото место кое ќе се претвори во простор за забава, спорт и рекреација на гевгеличани. За таа цел проектот предвидува изградба на амфитеатар со подвижно пано за летни кино проекции, поставување справи за фитнес и гимнастика, простор за деца со поставени играчки, вештачка карпа за искачување и игралиште за мал фудбал.
Покрај ова ќе биде уредена и трим патека за трчање и вержбање за повозрасната група посетитетли која ќе биде опремена со реквизити изработени од природни материјали.Во рамки на излетничкото место кое се наоѓа на неполн километар од последната населба на градот, ќе бидат поставени и три летниковци со маси и клупи.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш