Германските работодавачи ги одложуваат правилата за заштита од Ковид-19
Шест месеци по почетокот на епидемијата на коронавирусот, во Германија се уште нема унифициран правилник за заштита на вработените.
Министерството за труд кон средината на април објави препораки, но се уште не постојат обврзувачки правила на германско ниво, а според весникот „Зидојчеце цајтунг“ за тоа се виновни работодавачите.
Одредени здруженија на работодавачи се обидуваат да ја искористат кризата за да ја намалат заштитата на работното место.
Во писмото на Федералното здружение на германски здруженија на работодавачи (БДА), што беше објавено на крајот на мај, се наведува дека правилата за заштита од коронавирусот на работното место мора значително да се намалат и да се ограничат само на основите.
Здружението укажува дека заради неопходниот целосен старт на економијата, сите правила мора да бидат применливи во пракса, односно брзо и некомплицирано проверливи.
Инаку, правилата треба да се однесуваат на основни мерки за заштита, како што се обврската за носење маска, задолжително растојание, физичко раздвојување на работните места, чести чистења и подобар систем за вентилација.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава