Германските пратеници оптимисти за поддршка во Бундестагот
Македонија заслужува да ги почне преговорите со Европската унија особено откако ги реши отворените прашања со соседите, но Германија остави одлуката за тоа дали на државата да и се додели датум за преговори наместо во јуни да ја донесе кон крајот на септември или почетокот на октомври.
Ова е пораката која германските пратеници денеска во Собранието им јапренесоа на македонските парламентарци. Тие велат дека сојузната влада на канцеларката Меркел може да има свој став за македонските евроинтеграции, но конечната одлука ја носи Бундестагот и се оптимисти дека на есен германскиот парламент ќе донесе позитивна одлука.
Антонио Милошоски, претседател на собраниската комисија за надворешна политика вели дека македонските евроинтеграции доцнат 10 години, откако во 2009 година ја добивме првата позитивина препорака од Брисел, но и дека премиерот Зоран Заев не смее да манипулира со тоа кога државата ќе добие датум.
Милошоски побара почести контакти на Собрнаието и Владата со парламентите од државите членски во ЕУ бидејќи тие, а не Владите ја носат последната одлука за проширувањето на Европската унија.
Германските пратеници денеска беа во посета на македонскотот Собрание токму поради евроинтеграциите. Тие се сретнаа со собранискиот спикер Талат Џафери, но и со пратениците од сите пратенички групи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
