-->
-->
Германскиот уставен суд ги отфрли тужбите против турскиот геноцид врз Ерменците
-->
Највисокиот германски суд денеска објави дека ги отфрлил сите 8 тужби против резолуцијата на германскиот Будестаг кој во јуни масакрот на Отоманската империја во првата светска војна против Ерменците го прогласи за геноцид.
Според Федералниот уставен суд на Германија тужителите не успеале да докажат дека со резолуцијата се прекршени основните човекови права ниту пак дека прекршувањата биле очигледни, јавува дописникот на МИА од Берлин.
По изгласувањето на резолуцијата на Бундестагот односите меѓу Германија и Турција влегоа во најголема криза во последниве децении.
Како одговор на резолуцијата Турција прво го повлече својот амбасадор од Берлин по што со месеци не дозволуваше германски политичари да ги посетат своите војници во воената база Инџирлик. Тензиите дополнително пораснаа во Октовмри по критиките на Берлин за апсењето на новинари и членови на опозицијата од страна на Анкара и обвинувањата на Турција дека Германија дава поддршка на левичарски и курдски терористички организации кои се борат против владењето на претседателот Ердоган.
Откако Европскиот парламент минатиот месец донесе одлука да ги прекине преговорите на Турција за влез во ЕУ официјална Анкара се закани дека нема да го почитува договорот според кој Турција ќе ги држи бегалците од Сирија и Ирак на своја територија а ЕУ ќе дава пари и ќе го забрза влезот на земјата во унијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна