Германскиот Црвен крст подготвен за хуманитарна помош на Грција

Германскиот Црвен крст е подготвен да даде итна хуманитарна помош на Грција, која се наоѓа на работ на финансиска криза и веќе се соочува со тешкотии во здравствените услуги, изјави портпаролот на организацијата Дитер Шуц.
- Подготвени сме за секој случај, изрази уверување Шуц пред весникот „Лајпцигер фолксцајтиунг“, додавајќи дека пензионерите, сиромашните, болните и бегалците најмногу страдаат од кризата во Грција.
Според Шуц германскиот Црвен крст е во состојба да помогне на Грците брзо и целосно.
Директорот на грчката канцеларија на организацијата СОС Детско село соопшти дека бројот на семејствата кои бараат помош од организацијата е зголемен за 50 пати, во споредба со пред почетокот на кризата.
Германскиот министер за економија и вицеканцелар Зигмар Габриел во понеделникот изјави дека европските лидери несомнено ќе разговараат за укажување на хуманитарна помош на Грција, чии банки се затворени од 28 јуни, а економијата е речиси во целосен застој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
