-->
-->
Германски суд ја потврди забраната на делови од поема навредливи за Ердоган
-->
Судот во Хамбург денеска ги потврди предходните судски забрани за објавување на делови од поемата со која германскиот телевизиски сатиричар Јан Берман во мај минатата година во навреди турскиот претседател Реџеш Таир Ердоган.

Со новата одлука се продолжува забраната за реобјавување на 18 од 24 дела од поемата на Беерман во кои, како што потврдува судот, се сугерира дека Ердоган бил инволвиран во зоофилија и гледал детска порнографија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Скандалот со навредите на телевизискиот сатиричар Берман кој што тврди дека со поемата за Ердоган сакал да укаже на границите меѓу слободата на говорот и јавните клевети и навреди, беше првиот конфликт од низата што во последниве 18 месеци ги имаат Берлин и Анкара.
Согласно Законот кој што Германија го донесла на почетокот на 20 век подоцна Владата на Меркел мораше да дозволи Јавното обвинителство да отвори случај против Берман за навредување на старнски државник, но телевизискиот сатиричар не беше осуден.
Реакциите на Турција која што бараше казна за германскиот комедијант предизвикаа масовни реакции на социјалните мрежи против Ердоган кој во германската јавност се доживува како човек кој не ги почитува слободата на говорот и европските демократски принципи.
Претседателот на Турција е главниот партнер на ЕУ во обидот да се спречи нов масовен бран на над два милиони бегалци кои што од Сирија и Ирак најдоа прибежиште во Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
