Германски „Старт ап“ ги поврзува бегалците со работодавци
Компанија која користи дигитални алатки на Интернет се обидува да го намали јазот меѓу бегалците и Германија преку платформа на која мигрантите можат да најдат работа, а работодавците да најдат работна сила.
Вебсајтот www.MigrantHire.com основан од бегалци и Германци е одржуван од петмина волонтери, кој се наоѓа во берлинската населба Кројцберг, досега има регистритрано околу осум илјади бегалци кои бараат работа, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Веб сајтот на бегалците им помага да направат биографии според германските стандарди и да ги поврзат со компании, услугата е бесплатна.
Еден од основачите е сириецот Хусеин Шакер од градот Алепо кој што студирал информатичка технологија но кога дошол во Германија не можел да најде работа во овој сектор. Партнер во проектот е норвешкиот бизнисмен Реми Меки кој вели дека „не е лесно, бегалците мораат да остават се зад нив но дека на крајот ќе најдат работа“.
Според студијата на германската Федерална агенција за миграции и бегалци само 13 отсто од барателите на азил наоѓаат работа во првите две години од пристигнувањето во земјата, во третата година овој процент е 22, а во четвртата 31.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место