Свет
11. August 2017 - 13:36

Германски пратеници на осми септември ќе ја посетат воената база Конја

Делегација германски парлемантарци, во придружба на висок претставник на НАТО на осми септември ќе ги посетат германските војници во воздухопловната база во Турција, во рамките на НАТО мисијата, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

- За деталите за планираната посета на база во Конја се уште се дискутира во НАТО, истакна портпаролот на турското МНР, Хусеин Муфтуоглу.

Официјална Анкара претходно повеќепати го одби барањето на германските парламентарци да ги посетат германските војници во турската воздухопловна база Инџирлик, поради што Берлин тие трупи ги префрли во Јордан.