-->
-->
Германски пратеници на осми септември ќе ја посетат воената база Конја
-->
Делегација германски парлемантарци, во придружба на висок претставник на НАТО на осми септември ќе ги посетат германските војници во воздухопловната база во Турција, во рамките на НАТО мисијата, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.
- За деталите за планираната посета на база во Конја се уште се дискутира во НАТО, истакна портпаролот на турското МНР, Хусеин Муфтуоглу.
Официјална Анкара претходно повеќепати го одби барањето на германските парламентарци да ги посетат германските војници во турската воздухопловна база Инџирлик, поради што Берлин тие трупи ги префрли во Јордан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот