Германски мултимилионер возел 417 км/ч
Германската полиција покрена истрага против чешкиот мултимилионер Радим Пасер, кој возел со 417 километри на час на автопат во Германија, а подоцна се пофалил со тоа и на својот Јутјуб-канал.
Иако на германските автопати нема ограничување на брзината, трките се забранети. Според германскиот закон и тн. „поединечна трка“ е забранета доколку возачот „со неприлагодена брзина, грубо ги крши правилата за несовесно возење со цел да постигне најголема можна брзина“, како што соопшти полицијата на Магдебург синоќа.
„Станува збор за неодговорно и опасно возење, иако нема никакви ограничувања. На возачот му е дозволено да вози со брзина со којашто е возможно да се вози автомобил“, се вели во соопштението.
Видеото, објавено од чешкиот претприемач Радим Пасер, го прикажува неговиот спортски автомобил „Бугати Чирон“ како се движи по германскиот автопат А2 од Берлин до Хановер и достигнува брзина до 417 км/ч.
– Возењето со над 400 км/ч е исклучително опасно, меѓу другото и поради многу големата должина на сопирање, која при овие брзини се зголемува експоненцијално, а не линеарно, изјави германскиот стручњак за патен сообраќај, Фердинанд Дуденхофер.
Радим Пасер го стекнал своето богатство на пазарот на недвижности. Според чешкото издание на „Форбс“, тој „тежи“ околу 305 милиони долари.
Ново на Сител
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“