Живот
29. May 2017 - 9:30

Германски мотоциклист „посеа" илјадници евра на автопат

Мотоциклист викендов загубил 9.000 евра, додека се возел северно од Минхен во јужна Германија, соопштија вчера полициските власти.

Како што јави ДПА, кога 36-годишниот Германец сфатил што се случило, запрел и почнал да ги собира парите, во исто време замолувајќи ги минувачите да се јават во полиција за помош.

Органите на редот се одѕвале на повикот.

Но, голем дел од банкнотите веќе отишле во неповрат - 1.500 евра ги однел ветрот.