-->
-->
Германски министер ги отфрли обвинувањата на Ердоган за нацистичките пракси во Германија
-->
Германскиот министер за правда Хајко Маас ги отфрли обвинувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за „нацистичките пракси во Германија како смешни, злобни и невидени“, јави ДПА.
Маас нагласи дали воопшто треба да се реагира на провокативните коментари на Ердоган.
- Тој сака да не провоцира. А ние треба да внимаваме да не дозволиме да бидеме провоцирани, рече Маас во телевизиско предавање.
Министерот нагласи дека Берлин нема желба да го заостри дипломатскиот спор и додаде дека не поддржува генерална забрана на јавни изјави за турски министри во Германија.
Ердоган упати обвиненија, откако серија планирани настани во Германија со учество на турски министри беа укинати, главно поради стравувања за безбедноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Онколошки пациенти реагираат за партиципацијата на „анастрозол“ и „летрасан“
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава