Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
Украинска воздушна офанзива со беспилотни летала минатиот викенд оштетила приближно 10 отсто од руските стратешки бомбардери, соопшти генерал-мајорот Кристијан Фројдинг од германската армија.
Фројдинг, кој ја координира германската воена помош за Киев и е во постојана комуникација со украинското Министерство за одбрана, изјави дека при нападот биле погодени најмалку десетина летала, вклучително и Ту-95 и Ту-22, како и надзорни авиони А-50.
„Според нашите проценки, околу 10 отсто од руската флота на стратешки бомбардери е оштетена“, рече тој во поткаст кој треба да биде објавен на Јутјуб.
САД проценуваат дека украинската операција погодила до 20 руски воени авиони, при што биле целосно уништени околу десет од нив. Според американски извори, на Русија ќе ѝ бидат потребни години за да ги замени овие капацитети.
И покрај ударот, Фројдинг не очекува намалување на руските напади врз Украина во блиска иднина. Тој потсети дека Москва сè уште располага со 90 отсто од својата флота на стратешки бомбардери.
-Сепак, ќе има индиректен ефект – останатите авиони ќе мора да летаат почесто, што ќе доведе до забрзана амортизација. Најважно е психолошкото влијание, истакна германскиот генерал.
Фројдинг нагласи дека нападот покажа колку Русија се чувствувала сигурна на своја територија и додаде дека недостатокот на заштита на аеродромите е последица на тоа.
„Ова повеќе не е случај. Русија ќе мора сериозно да ја засили својата безбедност“, предупреди тој.
Според него, нападите биле извршени на две аеродромски бази во близина на Москва, две во областа Мурманск и една неуспешна мисија во близина на кинеската граница. Фројдинг додаде дека погодените бомбардери се дел од руската нуклеарна тријада.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис