Германски црковни претставници бараат да не се напаѓаат бегалците муслимани

Портпаролот на епархијата на Католичката црква во Вурцбург, каде пред три дена се случи нападот во кој бегалец од Авганистан во воз повреди десетина лица, побара германските граѓани да не напаѓаат бегалци муслимани.
- Католиците се шокирани. Луѓето претпоставуваа дека терористички акти можат да се случат само вобголемите градови, а не во мали градчиња како нашиот. Но, сега е важно инцидентот да не се користи како генерална причина за напади врз бегалците. Многу е опасно да се сугерира дека сите тие претставуваат опасност, изјави Маркис Хаук, портпарол на еперхијата во Вурцбург.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Хаук, во возот во кој се случи нападот имало неколку локални католички свештеници, кои им помогнале на повредените патници.
Авганистанецот на возраст од 17 годиним кој со секира ги нападна патниците во воз во близина на Вурцбург во Германија, пристигнал како дете без придружба, кој се саморадикализирал без да има конекции со исламистички групи. Тој предходно бил познат како посветен муслиман, но не и како радикален фанатик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
