Свет
3. August 2016 - 8:49

Германската војска ја зголеми безбедноста во базата на НАТО во Турција

Германската војска ги зајакна безбедносните мерки на војниците во НАТО базата Инџирлик во јужна Турција, изјави за ДПА германски воен претставник. 

- По спречениот обид за преврат во Турција само авиони опремени со средства за противракетна одбрана имаат дозвола да влегуваат во базата, истакна воениот претставник. 

- Новите мерки за безбедност се краткорочни и превентивни и се усвоени од Германија, заедно со САД, како и другите партнери на НАТО, забележа тој. 

Како што нагласи германскиот воен претставник, нема непосредна опасност за германската војска, која е распоредена во базата.