Германската војска ја изведе првата воздушна мисија со поддршка на коалициите во Сирија
Германската војска објави дека ја извршила својата прва воздушна мисија за поддршка на коалициските напори во борбата против Исламската држава во Сирија.
Бундесверот соопшти денеска дека германски авион-цистерна наполнил со гориво два воени авиони во неколку воздушни мисии против екстремистички групи, јави гарманската новинска агенција ДПА.
Германската фрегата исто така пружа заштита на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“, а од германскиот извидувачки авион Торнадо се очекува да започне да лета во извидувачки мисии во јануари.
Германската канцеларка Ангела Меркел вети поддршка на Франција која побара помаш по неодамнешните смртоносни напади во Париз.
До 1.200 војници исто така ќе бидат ангажирани во германската мисија, која е исклучиво неборбена мисија за поддршка, пренесува ДПА.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра