-->
-->
Германската владејачка коалиција очекува брзо формирање Влада со Груевски на чело
-->

Очекуваме брзо формирање на новата македонска Влада под раководство на Никола Груевски, изјави денеска Тобијас Зек, пратеник во германскиот Бундестаг од владејачката коалиција на Ангела Меркел и потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
- Многу е важно и корисно тоа што пред изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имаше средби со пријателите во Европската народна партија, како во Берлин, така и во Минхен. Очекуваме брзо формирање на нова Влада со Груевски на чело. Со задоволство очекуваме во иднина да имаме силна и плодна соработка со нашиот партнер на Западниот Балкан, изјави Зек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
