Германската Влада го предлага 24 септември за одржување на федералните избори
Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел денеска постигна договор на претседателот на Германија, Јоаким Гаук да му предложи редовните сојузни парламентарни избори да се одржат на 24 септември оваа година, јави дописникот на МИА од Берлин.
Иако согалсноста на Гаук е од формална природа, сепак за предлогот на Владата потребна е официјална дозволата од шефот на државата, по што ќе започнат подготовките за изборите.
На изборите за 19-от состав на Бундестагот ќе учестуваат речиси сите 630 сегашни членови на германскиот Парламент, иако конечниот број на идни парламентарци не може да се знае однапред, поради сложениот пропорционален изборен модел со кој се менува бројот на пратеници.
Според сегшаните анализи, во идниот Бундестаг најверојатно повторно ќе се формира мнозинство на сегашната „голема коалиција“ меѓу блокот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) предводен од Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), но не се исклучуваат ниту нови коалиции на една од двете најголеми партии со некои од помалите партии.
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Со цел мој авторитет ќе се потрудам затворските полицајци кои ја срамат униформата да завршат зад решетки