Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
Полицијата во Германија заплени стотици килограми стимуланс „Каптагон“ што ги пронашла во продавница за зеленчук во покраината Саксонија-Анхалт, соопштија денеска официјални лица.
Истрагата покажала дека палети со плодови што содржат масло биле доставувани до продавница за зеленчук во Ландсберг, што можеби криеле дрога. Полицијата вчера запленила повеќе од 20 сомнителни палети, соопштија денеска полицијата и обвинителите во заедничка изјава.
Досега форензички биле прегледани четири од палетите и било утврдено дека содржат приближно 300 килограми Каптагон во форма на околу 1,7 милиони таблети, со улична вредност од повеќе од 20 милиони евра (22 милиони долари).
– Ова веројатно е една од најголемите поединечни заплени на оваа супстанца во Германија, соопштија полицијата и обвинителите.
Се спроведуваат истраги против осомничените кои во моментов не се во Германија, пренесе ДПА
Ново на Сител
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница
-
Кривична за три лица вработени во општина Крива Паланка за злоупотреба на службена положба
-
Рашфорд во Барселона
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури