Германската полиција трага по поранешни членови на РАФ
Германската полиција денеска објави видео снимки на кои се прикажани тројца поранешни членови на германската левичарска екстремистичка организација Фракција на Црвената Армија (РАФ), како извршуваат вооружен грабеж во северниот дел на Германија.
РАФ, која е формирана во 1970 година и дејствуваше во Западна Германија во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, е одговорна за 34 убиства и грабежи на 31 банка .
На 20 април 1998 година, организацијата официјално објави дека се самораспушта.
Тројцата поранешни членови на РАФ - двајца мажи и една жена, на возраст меѓу 43 и 63 години, се кријат од германските власти повеќе од 25 години. Поради тоа, германската полиција апелираше до граѓаните да помогнат во потрагата.
Од 2011 година тие се осомничени за грабежи, при кои се украдени над 370.000 евра.
На новото видео од безбедносни камери, се прикажани двајца мажи со маски на лицата, како влегуваат во супермаркет во Долна Саксонија и вперуваат пиштоли кон еден од вработените, а потоа насилно го затвораат во една од просториите. На другото видео се забележува како мажите се качуваат во автобус со ранци на грбот.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад