Него страшно го нервирало кога неговите родителите повеќе внимание посветуваат на своите мобилни телефони, отколку на него.
Одлучил да се побуни и заедно со своите другари, на 8. септември излегоа на улиците на Хамбург, а на Емил му се приклучија околу 150 луѓе.
Неодамна едно американско истражување за навиките на тинејџерите на социјалните мрежи покажа дека околу 33 отсто од речиси 1000 анкетирани, на возраст од 13 и 17 години, сакаат нивните родители помалку да ги користат мобилните и сличните уреди.
„Им пречи тоа што нивните родители и пријатели толку се на социјалните мрежи. Се чувствуваат како никој да не обрнува внимание на нив, а веројатно не сфаќаат дека и самите го правата тоа“, рече Рон Дал, директор на Ценатрот за развој на адолесценти на Универзитетот во Калифорнија.
Педијатарот Џени Радески, објави труд во кој го проучува влијанието на технологијата на односот деца и родители, и откри дека има се повеќе случаи во кои технологијата влијае на социјалните врски, и дека во такви случаи забележано е дека има се повеќе проблеми во однесувањето на децата.