Свет
9. January 2017 - 8:57

Германија укинува развојна помош за држави кои нема да примат назад одбиени азиланти

Германија се закани дека ќе укине развојна помош за државите кои нема да примат назад одбиени баратели на азил. Предупредувањето особено се однесува за Тунис каде Берлин не успеа да го депортира Анис Амри осомничен за нападот врз божикниот пазар во тој град.

– Тие кои нема да соработуваат доволно, не може да се надеваат на наша развојна помош, изјави германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел за Шпигел.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер рече во изјава за АРД дека „во целост ја подржува таа идеја“.