-->
-->
Германија со забрани на Фејсбук и „WhatsApp“
-->

Германскиот федерален Комесаријат за заштита на лични податоци и слобода на информирање денеска им забрани на социјалните мрежи Фејсбук и „WhatsApp“ да ги дистрибуираат личните податоци на своите корисници на интернет, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според одлуката на федералното тело без согласност од своите корисници не смеат да ги користат нивните податоци на своите сервиси. Одлуката формално е донесена во врска со промената на договорот за услуги на двете социјални мрежи од август минатата година според кој Фејсбук и својата фирма ИМ (Инстант пораки) ќе започнат дистрибуција на податоци од своите корисници меѓусебно. По иницијативата од невладини организации и европски институции кои ја осудија ваквата политика на Фејсбук и „WhatsApp“ во која не се бара согласност од корисниците, германските власти истата ја забранија и во иднина двете компании се соочуваат со сериозни финансиски казни ако продолжат со оваа практика.
Одлуката на комесаријатот во Хамбург треба да преседан кој ќе го користат и други европски држави кои што ги испитуваат работењето на „WhatsApp“ и Фејсбук. Двете компании во меѓувреме преговараат со Европската Унија со цел да најдат решение за проблемот поради кој можат да се соочат со намалување на приходите. Приватните податоците кои ги прибираат социјалните мрежи а кои што укажуваат на нивните навики при купување, патување и други активности се користат во маркетинг индустријата на интернет која што секоја година се зголемува за стотици милијарди евра. Во Германија има по околу 35 милиони корисници на „WhatsApp“ и Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
-

Се менува демографската слика на ЕУ: Помалку млади, повеќе стари до 2100
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
