Германија со реформи ќе се бори против неонацизмот во армијата
Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен денеска најави дека против симпатизерите на екстремната десница во редовите на армијата ќе се бори со реформи, јави дописникот на МИА од Берлин.
Откако вчера германската полиција уапси втор војник кој бил вклучен во планови за терористички напади врз бегалци, за кои требало да бидат обвинети мигранти, министерската Лејен најави дека ќе предложи темелни реформи кои треба да ја елиминираат опаснота од зголемена популарност на екстремните десничарски и неонацистички иделогии во германската армија.
Лејен во текот на денот за истрагата за радикалните трендови во армијата ќе го информира специјалното тело на Комитетот за одбрана во Бундестагот кое е одговорно за штетните процеси во армијата.
Во рамки на реформите министерката планира да ги менува принципите врз основа на кои германската армија го третира историското наследство вклучително и нацистичкото наследство. Овие принципи за последен пат се менувани во 1982 година.
- На армијата и се потребни побрзи и поефикасни системи за известување за инциденти и потенцијални закани а потребна е и зголемена политичка едукација на војниците. Јас сум целосно јасна дека ни е потребен широк процес во амријата кој што мораме да го минеме заедно, од регрут до генерал и од инструктор до министер“, изјави Лејен во Берлин.
Во истрагата и проверката на армиски објекти што ја преземаа германските власти по апсењето на групата која планирала терористички напади, а во која членувале двајца припадници на Бундесверот се пронајдени голем број симболи кои што покажуваат високо ниво на симпатии за радикални идеологии.
Ново на Сител
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“
-
Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија
-
Доживотна казна затвор за убиецот на Емилија Пешева
-
Зијадин Села повторно впишан како претседател на партијата Алијанса на Албанците
-
Вчера казнети 864 возачи - 262 за брзо возење, 201 за погрешно паркирање, 67 возеле без возачка дозвола
-
Приведена 22-годишна жена во Тетово барана по централна потерница
-
Дамева и Чачарова Илиевска од Судскиот совет ги разгледуваат интерпелациите и ќе се изјаснат со свој став за нив