Германија се соочува со сериозен недостиг на кадри во областа на социјалните услуги
Германија се соочува со сериозен недостиг на кадар во областа на социјалните услуги, бидејќи бројот на луѓе на кои им е потребна грижа е речиси двојно зголемен во изминатите години, додека бројот на негуватели расте релативно бавно. Тоа го објави ДПА, цитирајќи информации дадени од Министерството за труд како одговор на барањето на претставникот на Алтернатива за Германија, Рене Спрингер.
Многу луѓе кои работат во секторот за социјални услуги се имигранти. Во 2022 година околу 30 отсто од работната сила во секторот за нега на стари лица беше од странско потекло, процени Експертскиот совет за интеграција и миграција.
Податоците на германското Министерство за труд покажуваат дека во 2015 г имало 2,9 милиони луѓе кои имаат потреба од нега, а до крајот на 2023 г тие веќе биле 5,6 милиони. Во истиот период, бројот на вработени во болниците и домовите за стари лица пораснал од околу 1,5 милиони на само околу 1,85 милиони, или околу 23 отсто.
Бројките, исто така, покажуваат дека слободните работни места во болниците и домовите за стари лица се пополнуваат подолго, и покрај зголемената невработеност кај медицинските сестри и негуватели.
Според Федералната агенција за вработување, во октомври имало околу 34.000 слободни работни места во социјалните служби.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица