Германија против цртање нови граници на Балканот

Германија е против разграничување меѓу Србија и Косово како модел на решавање на косовското прашање и тој став нема да се смени, изјави денеска германскиот амбасадор во Србија Томас Шиб, оценувајќи дека ставот го споделуваат и голем број земји во ЕУ и во регионот.
-Канцеларката Ангела Меркел во повеќе наврати јавно го изнесе својот став, а тој став и натаму важи. Знам дека имаше спекулации дека Германија може ќе го смени ставот, но не – германскиот став останува, рече Шиб за телевизијата Н1.
Тој појасни дека Германија е загрижена доколку дојде до промена на границите или размена на територии можно е да има импликации во регионот, дека тоа би можело да придонесе за решавање на проблемите но може да предизвика проблеми на друго место во регионот.
Шиб вели дека не е точно дека со само мала размена на територии ќе се реши косовскиот јазол и додаде дека разграничувањето го скренува вниманието од цела низа други прашања, како што се заштита на малцинствата, заштита на црковното наследство и многу други.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Суштината е во тоа да не оценуваат за реформите и чекорите, а не според билатералните прашања и спорови
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
-

Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
-

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023
-

Од денеска се затвора патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица
