Македонија
27. October 2015 - 14:51

Германија пред одлука дали да испрати нов контигент оружје за ирачките Курди

Германија разгледува опции да испрати дополнителен контигент оружје за курдите во Северен Ирак за да им помогне во борбата против исламска држава, изјави министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен.

- Очигледно е дека Курдите имаат постојана потреба од оружје бидеќки се во војна со Исламска држава, изјави таа во вториот ден од посетата на Ирак каде го посети германскиот контигент.

Германската армија веќе достави 1.800 тони оружје и опрема во Ирак меѓу кои 20.000 автоматски пушки и 1.000 противтенковски ракети. Во моментот во Ирак има 95 германски војници.