Германија повторно побара Ердоган да не говори пред Турците за време на самитот Г-20
Германската Влада го повика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да ја уважи нејзината молба да не зборува пред Турците кои живеат во Германија, за време на неговиот престој на Самитот на Г-20 во Хамбург.
Со необичано строг тон, што ја покажува лошата состојба на билатералните односи, портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Шефер изјави дека дури и појавата на Ердоган во турскиот Конзулат или преку видео врска „би била навреда за јасно изразената волја на Владата и нарушување на германскиот суверенитет“.
- Настани од таква природа треба да бидат претхдно побарани од надлежните органи, рече Мартин Шефер на прес-конференција, откако беше запрашан за „гласините“ дека Ердоган сепак би можел да зборува пред турската заедница и покрај молбата на Берлин.
Според портпаролот Шефер, Германија не може да му забрани на Ердоган да зборува во турскиот Конзулат, но има можности да влијае на ваков начин.
Шефот на германската дипломатијата Зигмар Габриел, минатата недела изјави дека не сака турските внатрешни конфликти да се разгоруваат меѓу турската заедница во Германија, очигледно мислејќи на длабоките политички подлеби во Турција.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Словенија
-
МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб
-
Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на Кораб | ВИДЕО
-
Стано: Цел на дијалогот Белград-Приштина е нормализација на меѓусебните односи
-
МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации
-
Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскап за половина денар
-
Муцунски се сретна со унгарскиот амбасадор Клаин
-
Аврамовска Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена