Германија повторно ќе доставува оружје за Курдите во северен Ирак

Германија соопшти дека ги обновила пратките на оружје за Ирачки Курдистан, откако Владата на автономната област во северен Ирак вети дека тие нема да бидат искористени за црниот пазар, пренесува БТА.
Претставникот на германското Министерство за одбрана истакна дека земјата вчера во Ербил доставила 70 тони оружје, вклучително 1.500 пушки, 100 фрлачи на гранати и три оклопни возила.
Германија прекина со испраќање на оружје во јануари годината, откако медиумите објавија дека дел од оружјето кое било испратено во ирачкиот автономен регион за борба пртив ИД, било дадено на продажба на црниот пазар.
Обвинителството во Ирачки Курдистан, откри дека од околу 30 единици на оружје кои биле доставени од Германија, над 28 единици биле продадени незаконски или биле загубени.
Поради тоа локалните власти уапсија неколку лица.
Претставници на Ирачки Курдистан, потпишаа декларација дека оружјето кое што беше доставено вчера нема да биде продадено.
Германија, од 2014 година па досега во северен Ирак има испратено повеќе од 30 пратки со оружје.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
