Германија повлекува 630 илјади возила во Европа

Германските производители Ауди, Мерцедес, Опел, Порше и Фолксваген ќе треба да повлечат околу 630 илјади возила од европскиот пазар поради нерегуларности поврзани со мерењето на вредностите на емисијата на штетни гасови.
Во извештајот што е направен по истрагата што ја спроведе Владата во Берлин во врска со скандалот со лажираните вредности на загадувањето кај возила на Фолксваген, а кој треба да биде објавен попладнево, се препорачува повлекување на сите германски возила кои што имаат исти проблеми.
Истрагата водена од Министерството за транспорт ги опфатила сите модели на возила кои што се возат на патиштата во Германија, по што е утврдено дека покрај Фолксваген нерегуларности со мерењето на штетни гасови има и кај други германски компании.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
