Германија поставува негативни рекорди
Германската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Јоаким Лев синоќа во Париз загуби од Франција, што претставуваше нивни шести пораз во 2018 година. Ова е неславен рекорд со оглед на тоа дека никогаш претходно „панцирите“ не загубиле шест пати во една календарска година.
Покрај поразот од Французите, подобри од Германија во 2018 досега беа и Бразил, Австрија, Мексико, Јужна Кореја и Холандија.
До крајот на годината Германија игра со Русија и со Холандија, па постои можност овој негативен рекорд да биде зголемен.
Дека поранешните светски шампиони се во голема резултатска криза покажува и податокот дека се без победа на четири натпревари во низа, прв пат по пауза од 18 години.
Оваа година голот на германската репрезентација останал зачуван само на еден натпревар. Ваков поразителен податок не е забележан уште од далечната 1964 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат