Германија: Пасошите за вакцинација се најбарани за фалсификување
Пасошите за вакцинација во моментов се најбарани во Германија, а се појавуваат сè поголем број фалсификувани документи.
Државното обвинителство во Минхен соопшти дека во моментов пасошот за вакцинација е „најбараната фалсификувана стока“.
Преку онлајн платформите, како што е Телеграм, може да се стигне до таков фалсификат. – Цените на фалсификуваните пасоши за имунизација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу висок двоцифрен и низок трицифрен број, се наведува во соопштението.
Постојат и „посебни услови“ за оние кои порачуваат повеќе од еден пасош. Полицијата посочува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи празни пасоши можат легално да се нарачаат, а печатот од лекарот лесно се добива. Фалсификаторите го преземат потребниот сериски број на вакцината од фотографиите на лицата кои биле вакцинирани и потоа се фалеле со објави преку социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ