-->
-->
Германија нема да го протера поранешниот телохранител на Осама бин Ладен
-->
Некогашниот телохранител на лидерот на Ал Каеда, туниженецот Сами А. не може да биде депортиран во неговата родна земја Тунис поради големата опасност по неговиот живот, пресуди судот во Гелсенкирхен, јави дописникот на МИА од Берлин.
Тунижанецот кој пред дваесетина година во Авганистан му бил личен телохранител на Осама бин Ладен предходно бил одбиен за азил, но по 10-годишно судење со судската пресуда тој ќе може да остане во Германија затоа што ниту една друга земја не сака да го прими.
Весникот „Рајнише пост“ објави дека германските служби за безбедност сеуште сметаат дека Сами А. е опасен за безбедноста на земјата и дека е централна фигура на исламската сцена во Германија поради што е под присмотра од 2006 година.
- Да се дозволи ваков човек да остане во Германија е удар в лице за сите кои што учествуваат во битката против тероризмот, затоа што тој го чувал најбараниот човек на светот, изјави извор во безбедносните служби кои се противат на одлуката на судот.
За портпаролот на судот во Гелзенкирхен Карстен Херфорт токму поврзаноста на Сами А. со Ал Каеда е причината поради која во Тунис тој би можел да се соочи со тортура и измачување од противниците на терористичката мрежа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер