Германија на помлади од 30 години ќе дава само Фајзер
Германскиот комитет за вакцинација (STIKO) денеска објави дека на граѓаните помлади од 30 години смее да им се дава само вакцината Бионтех-Фајзер.
Одлуката дојде откако студии покажале дека помал број млади луѓе развиле воспаление на срцето откако биле вакцинирани со вакцината Модерна, што не е забележано кај постари од 30 години.
СТИКО препорача и трудниците, без разлика на возраста, да се вакцинираат само со Фајзер, јави Дојче Веле.
Предлогот за препорака сега оди до германските покраини и дополнителна група експерти на разгледување и, можеби, ревизија.
Француската агенција за јавно здравје вчера препорача на лица под 30 години да им се дава вакцината на Фајзер кога е достапна, наместо Модерна, која „има релативно поголем ризик од проблеми со срцето“.
ЕМА претходно оваа година соопшти дека утврдила можна врска меѓу ретко воспаление на срцето и вакцините на Фајзер и Модерна против Ковид-19. Но, придобивките од двете вакцини засновани на технологијата на мРНА ги надминуваат ризиците, соопшти агенцијата, а тоа е ставот и на американските регулатори и на СЗО.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза