Германија ја потврди автентичноста на листата со 22.000 членови на ИД
Германското Министерство за внатрешни работи денеска ја потврди атвентичноста на листата со имиња на околу 22.000 странски борци кои патувале во Сирија и во Ирак за да се борат во редовите на ИД, јави дописникот на МИА од Берлин.
Постоењето на листата беше објавено во понеделник од страна на истражувачки тим на новинари од дневниот весник „Зидојче цајтунг“ и јавните телевизии НДР и ВРД но листата доби поголемо медиумско значење откако делови од документацијата за членството на ИД објавија британските медиуми.
Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер се надева дека информациите од листата ќе послужат како докази против германски граѓани кои се соочуваат со обвиненија за терористички активности.
Листата содржи имиња и основни податоци на борците на ИД кои што пополнувале прашалници и биле регистрирани од Исламската држава кога ја минувале границата меѓу Сирија и Турција. Трите германски медиуми тврдат дека листата ја добиле од анонимен извор.
Еден од луѓето заведен на листата е Абдулкарим Б. кому во франкфурт се суди за поседување огнено оружје и завера против суверена држава. Со податоците од листата германското министерство сега може да поведе тужба и за членство во терористичка организација и со тоа обвинетиот да добие долгогодишна затворска казна.
Според германските власти речиси 800 граѓани птувале во Сирија за да се борат во редовите на ИД а четвртина од нив веќе се вратиле во Германија. Германското обвинителство најчесто не успеваше на суд да докаже дека овие лица се членови на терористичка организација.
Едно од прашањата кои што им биле поставувани на новите борци на ИД било дали сакаат да служат за целите на организацијата како бомбаши самоубијци.
Според Мезиер листата на германските власти ќе им послужи да превенира заминување на нови доброволци во Сирија.
Ново на Сител
-
Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот
-
Наутро свежо, преку ден топло
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава