-->
-->
Германија го предвиде економскиот раст за 2016 и 2017 година
-->

Германската Влада предвидува дека економскиот раст до крајот на оваа година ќе биде 1,7 отсто (исто како и минатата година) додека за наредната 2017 година растот ќе бележи благо намалување и ќе биде на ниво од 1,5 процент.
Прогнозата за растот во 2016 е иста како и таа објавена во јануари но новина е тоа што владата во Берлин првпат објавува анализа за економскиот раст за 2017 година.
"Растот на германската економија ќе продолжи во текот на оваа и наредната година. Домашната побарувачка има зголемено влијание на растот“, изјави денеска во Берлин министерот за Економија и вицеканцелар во германската влада Зигмар Габриел.
Првиот човек на германските социјалдемократи пред новинарите се осврна и на критиките кои што членови на конзервативниот блок предводен од канцеларката Меркел ги упатуваат до Марио Драги и Европската централна Банка.
Според Габриел време е да се престане со играта во која што ЕЦБ се претставува како лошиот фактор.
„Доколку влезете во таква дебата брзо ќе сфатите дека проблемот не е во ЕЦБ и господинот Драги туку во недостаток на волја да се откажете од фокусот кој што е целосно насочен кон мерките за штедење“, изјави Габриел.
Фискалната политика за штедење за која се залага Берлин честопати е критикувана од други земји членки на Еврозоната за кои Германија треба да ги искористи ниските каматни стапки кои ги воведе ЕЦБ за да ја зголеми потрошувачката. Германија е најсилната европска економија и од трендовите на национално ниво најмногу зависи какви ќе бидат перформансите на целата економија во ЕУ и Еврозоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
