Германија го обвини НАТО за поттикнување војна со Русија
Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер остро го критикува НАТО за демонстрирање агресија и поттикување судир со Русија, објави весникот „Билд“.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, според Штајнмаер распоредувањето на НАТО силите во близина на границата со Русија е спорен потег, кој не може да донесе поголема безбедност.
- Она што треба да го избегнеме е потпалување на ситуацијата со провокација за конфликт. Секој што смета дека безбедноста може да ја зголеми со симболични паради на тенкови во близина на источните граници - греши, истакна Штајнмаер во интервјуто кое треба да биде објавено утре.
На почетокот од оваа недела НАТО најави испраќање на четири баталјони во Естонија, Летонија, Литванија и Полска со цел да и испрати предупредувачки сигнал на Русија дека стои зад безбедноста на своите членки од источна Европа во пресрет на самитот на Алијансата, што треба да се одржи во Варашава на 8-9 јули.
Во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Русија сака „да создаде зона на влијание преку воени мерки“ и дека на границите на НАТО, на Арктикот, на Балтикот, од Црното Море до Медитеранот се случува масовна милитаризација.
Пред еден месец германските медиуими објавија информации подготвени од германски воени експерти кои што препорачуваат формирање на „Европска армија“ која од НАТО треба да ја преземе грижата за безбедноста на Европската Унија.
Во друг документ изготвен од германската одбрана, Русија е рангирана меѓу 10 најголеми безбедносни закани за наредните 10 години. И двете информации треба да бидат јавно објавени по референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Ново на Сител
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава