Германија го интензивира враќање на одбиените азиланти од Балканот
До крајот на годината германските власти ќе вратат десетици илјади одбиени баратели на азил од Балканот, најави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.
Според министерот во наредните недели значително ќе се зголеми бројот на репатријации, доброволни враќања, депортации. Федералната канцеларија за миграција и бегалци има налог до католичкиот Божик да ги одговори сите барања за азил поднесени од баратели од Балканот по што сите одбиени ќе мораат да ја напуштат Германија. Мезиер кој што вели дека овој план мора да се спроведе најави дека посебната контрола на германските граници би можела да трае до средината на јануари.
Од вкупниот број на еден милион имигранти кои што ги очекува Германија до крајот на 2015 година околу 40 отсто доаѓаат од балканските „безбедни земји“ поради што нивните барања за азил се одбиваат, а барателите се депортираат назад. Само годинава германските власти депортирале од земјата 11.000 луѓе, додека 27 илјади сами доброволно се вратиле дома. Најголем број од баратели на азил од безбедните земји се од Албанија (66.311) и од Косово (35. 258). Вкупно околу 580 илјади луѓе од целиот свет годинава побарале азил во Германија.
Ново на Сител
-
Неизвесно дали Илире Даути по интерпелацијата ќе биде разрешена или ќе даде оставка
-
Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол
-
Македонските ракометари против фаворитот Унгарија ги почнуваат настапите на СП 2025
-
Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Општина Карпош
-
Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци
-
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078