Германија добила конкретна дојава за терористички напад неколку часа пред полноќ

Германија неколку часа пред полноќ добила дојава дека екстремисти од Ирак и од Сирија планираат терористички напади во Минхен, но полицијата се уште не успеа да ги пронајде осомничените ниту е сигурна дека тие се наоѓаат во земјата, изјави денеска шефот на минхенската полиција Хубертус Андре.
Тој истакна дека полицијата примила „многу конкретна“ информација дека се планирани самоубиствени напади на железничката станица во Минхен на полноќ.
- Ни кажаа имиња. Не можеме да кажеме дали осомничените се во Минхен ниту во Германија, посочи Андре.
Околу 550 полицајци и понатаму трагаат за осомничените и го обезбедуваат градот.
Две железнички станици, кои синоќа беа евакуирани во Минхен, откако германската полиција на Твитер објави дека постојат индиции за планиран терористички напад, денеска повторно се отворени за сообраќај неколку часа откако е утврдено дека не постојат докази за заканата.
Германија информацијата ја добила од разузнавачките служби на други држави дека Исламска држава планира напад во Минхен со седум бомбаши-самоубијци.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
