Loading Video...
Свет
26. September 2021 - 16:24

Германија бира наследник на Меркел

Граѓаните на Германија денес бираат нов состав на парламентот, со што посредно одлучуваат и за наследникот на канцеларката Ангела Меркел и насоката во која ќе се движи земјата.

Главната борба се води меѓу конзервативниот блок на Ангела Меркел, социјалдемократите и опозициската партија Зелени.

Најновите анкети укажуваат на тесна трка на демохристијанскиот блок ЦДУ-ЦСУ и социјалдемократите, на кои им даваат блага предност, додека Зелените се на трето место.

Се очекува во текот на овие избори бројот на оние кои гласаат по пошта да биде многу повисок од досега – се прогнозира дека ќе бидат најмалку 40%, додека во 2017 година беа 28,6 %. 

Денеска истовремено со изборите за Бундестагот се одржуваат избори и за нов состав на покраинскиот парламент во Мекленбург-Предна Померанија и за нов состав ва Сенатот во градот-покраина Берлин. Според проценките, партијата СПД би можела да биде победник во двете покраини.