Германија бара промена на политиката на ЕЦБ

Земјите од Еврозоната не успеаја да ги искористат поволностите од ниските каматни стапки воведени од Европската Централна Банка (ЕЦБ) со цел да ги реформираат своите економии и да ги консолидриаат своите национални буџети, изјави денеска германскиот заменик министер за финансии Михаел Мејстер, јавува дописникот на МИА од Берлин.
- Политичарите треба да се фокусираат на проблемите на фундаменталните проблеми, како конкурентноста на националните економии и консолидација на јавните буџети. Доколку се случи тоа, ќе нема потреба од ниска каматна стапка и ЕЦБ ќе биде во можност да спроведува поинаква монетарна политика, изјави денеска Мејстер на бизнис конференција во Берлин.
Германската влада е под силен притисок на банкарскиот систем во земјата кој е најпогоден од ниските банкарски стапки на ЕЦБ. Според извештај на Бундесбанк објавен лани само една од пет германски банки до 2020 година ќе биде во плус доколку каматаната стапка во еврозоната не биде променета. Против минималната каматна стапка се и германските штедачи кои што годишно губат десетици милијарди евра на име на камати на штедни и орочени влогови.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
