Германец со курдско потекло обвинет за членство во ПКК

Јавното обвинителство во Штутгарт денеска покрена обвинение против еден 46-годишен Германец со курдско потекло, поради членство во забранетата Курдска работничка партија (ПКК).
Германските власти го товарат курдскиот активист за координирање на активностите на ПКК во Штутгарт, Минхен и Фрајбург, а потоа и во Дортмунд и Дизелдорф во периодот од август 2013 до 16 февруари годинава, кога бил уапсен.
Според властите, обвинетиот, кој е во притвор од февруари, во ПКК бил одговорен за организациски, финансиски и кадровски прашања.
ПКК е забранета со германските закони, затоа што е прогласена за терористичка организација.
Курдските политички активисти во Германија меѓутоа сметаат дека ПКК неправедно е ставена на листата на забранети организации, затоа што таа и нејзините сили во Ирак се сојузници на западните земји, меѓу кои и Германија, во борбата против џихадистите, а Владата во Берлин ја смета за терористичка група.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
