Германец скршил 5 пршлени на р'бетот при параглајдинг несреќа на Галичица
Екипа на Планинската спасителна служба со седиште во Охрид изврши евакуација на параглајдерист од Германија кој од неутврдени причини паднал од поголема височина на исклучително непристапен и карпест терен на падините на планината Галичица.
Како што соопштуваат од Службата, тие попладнето околу 18:30 часот примиле повик од група параглајдеристи кои ги информирале за незгодата и побарале помош.
Во тој момент тројца спасители на ПСС се наоѓале во планинарската куќа „Спиридон“, каде е лоцирана и спасителната станица на Службата, со специјализирана техничка опрема за интервенции во таков регион.
Веднаш по дојавата, екипата за само 15 минути стигнала до местото на несреќата, извршила имобилизација на повредениот, по што отпочнал комплексен транспорт на повредениот по стрмен и тежок терен. Дополнителна отежнувачка околност било што активностите се одвивале во ноќни услови.
„По повеќе од еден час напорна интервенција, во 20:20 часот, повредениот беше безбедно спуштен до асфалтниот пат кај превојот Баба, каде беше предаден на екипа на Итната медицинска помош од Охрид. Од таму, тој веднаш беше пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде, за жал, му беа констатирани фрактури на пет пршлени во долниот дел на рбетот“, информираат од Планинската спасителна служба.
Од нив повторно апел до сите посетители на планината за претпазливост и одговорно уживање во преубавиот есенски амбиент на Галичица.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол